Уште еден град во Кина во карантин поради коронавирусот (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Дејли меил

Властите во Кина во карантин ставија уште еден град. Станува збор за градот Вензу, кој има дури девет милиони жители и е оддалечен дури 800 километри од Вухан, епицентарот на заразата со коронавирусот, пренесува „Дејли меил“.

Граѓаните се советувани да останат во своите домови, а патиштата се затворени.

Бројот на жртви од коронавирусот порасна на 305, а забележан е и првиот смртен случај надвор од Кина – на Филипините, каде почина кинески државјанин (44) од Вухан.

Појавата на вирусот досега е потврдена во поеќе од 25 земји во светот, а бројот на заболени порасна на 14.300 лица, пренесува Си-Ен-Ен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот