Уште еден доказ зошто Левандовски е најдобриот напаѓач во Европа! (ВИДЕО)

Фото: твитер

Пред три дена полскиот интернационалец го доби признанието за најдобар фудбалер, воедно и најдобар напаѓач од УЕФА за минатата сезона, а денеска тоа го докажа уште еднаш во дресот на Баерн Минхен.

Во минатото коло од Бундеслигата баварскиот гигант доживеа неочекувано висок пораз на гостувањето кај Хофенхајм, но веднаш им се врати на победите против Херта Берлин (4:3), иако до бодовите дојде дури во самиот финиш од средбата на „Алијанц Арената“ во Минхен.

Прво во 36 минута имаше поништен гол на Милер поради офсајд после прегледувањето на ВАР снимката, но четири минути подоцна Левандовски го постигна првиот гол од сите четири кои ги постигна на денешниот дуел.

Вториот го реализираше во 51 минута, но гостите не се предадоа и возвратија со израмнување преку Кордоба и Куња. Во 85 минута Милер асистираше до Левандовскиза 3:2, а 180 секунди подоцна за нов егал се погрижи Нганкам.

И кога сите помислија дека мечот ќе заврши нерешено, во судиското надополнување (90+3`) составот на Флик дојде до победата благодарение на Левандовски кој дојде до четвртиот гол и го постави конечниот епилог.

УЕФА: Најдобрите фудбалери играат во Баерн Минхен, главното признание за Левандовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот