Уште еден доказ дека Погба сака да го напушти Јунајтед!?

Околу иднината на Французинот овие денови во „конфликт“ се наоѓаат агентот на фудбалерот Мино Рајола и менаџерот на клубот, Солскјер.

Матијас Погба, братот на Пол Погба, јавно кажа во емисија на „El Chringuit“ дека Пол сака да го напушти Манчестер јунајтед..

Пол Погба повторно се поврзува со заминување од „Олд Трафорд“, клубот кој има променлива сезона, иако синоќа славеше Премиер лигата против Челзи на „Стемфорд бриџ“.

Французинот долг период се опоравува од повредата, а норвешкиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер очекува да се врати на почетокот од март.

Токму повредите се една од причините што во Манчестер полека како да го „забораваат“ овој играч, а судејќи според она што го вели неговиот брат Матијас, можно е во наредното лето да има нов клуб.

– Сите знаат дека Пол сака да си замине од Манчестер јунајтед. Сака да игра во Лигата на шампионите и освојува титули. Сите знаеме дека тоа нема да се случи во Јунајтед. Ќе видиме што ќе се случи ова лето – вели Матијас.

Прочитајте и...  Се вртат 230 милиони евра: Санчо на „Олд Трафорд“ само под еден услов!

Овие денови во „конфликт“ се наоѓаат агентот на фудбалерот Мино Рајола и менаџерот на Јунајтед, Солскјер.

На Норвежанецот не му се допаѓа тоа што Рајола јавно говори за можно заминување на Погба од Јунајтед, велејќи:

„Пол е играч на Манчестер јунајтед, а не на Мини Рајола“. На тоа веднаш одговори агентот Рајола:

-Пол не е мој играч, но сигурно не е ни сопственост на Солскјер. Вие не можете долго време да поседувате човечко суштество. Се надевам дека Солскјаер не сака да каже дека Погба е негов „затвореник“. Пред да изјави нешто, Солскјер треба прво да размисли. Само нека се потсети што му рече на Пол во текот на летото. Можеби е фрустриран од други работи, па затоа измеша нешто во зборовите. Подобро би било да се грижи за нешто друго – рече Раиола.

Прочитајте и...  Тенисерка објави слика од своите гради и порача: „Не е за помлади од 18“! (ФОТО)

Има многу заинтересирани клубови за Погба, иако ова е сезона за заборав. Во прв ред за потписот се екипите на Јувентус и Реал Мадрид.

Прочитај повеќе

Беше позитивен на Ковид-19, па се самоуби клупскиот лекар на Ремс!

Слободен печат

„ЌЕ ПРЕЖИВЕАМ“: Актуелна легендарна снимка на Новак Ѓоковиќ! (ВИДЕО)

Слободен печат

Најголемите пет фудбалски „кражби“ во 21 век! (ВИДЕО)

Слободен печат

МЗТ Скопје дел од иницијативата „Спортистите против коронавирусот“ (ВИДЕО)

Слободен печат

Гарлик: Ќе останеме без пари доколку не продолжи Премиер лигата!

Слободен печат

Тенисерка објави слика од своите гради и порача: „Не е за помлади од 18“! (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

УЕФА демантира дека ЛШ мора да заврши до 3 август

Слободен печат

Европски шампион во одбојка на плажа си најде „соиграч“ во карантин! (ВИДЕО)

Слободен печат

Поранешен македонски борач позитивен на коронавирус

Слободен печат

Помош за четири семејства од македонските фудбалски надежи (ФОТО)

Слободен печат

Горбок: Ни ветија одговори во април, загрижени сме за иднината на Вардар!

Слободен печат

Еклстон: Би било ужасно Хамилтон со осум трки да биде шампион!

Слободен печат