Уште еден чекор кон златото, Ѓоковиќ во четвртфиналето на Олимписките игри

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ треба д биде вакциниран за да настапи на „Австралија опен“ во Мелбурн/Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Српскиот ас со победата над Алехандро Давидович Фокина од 2:0 во сетови 6:3 и 6:1 се промовираше во четвртфиналист на Летните олимписки игри во Токио.

Новак Ѓоковиќ направи уште еден чекор златото, во следната фаза ќе се соочи со Јапонецот Кеи Нишикори кој беше подобар од Илја Ивашка од Белорусија со 7:6 (7) и 6:0.

Првиот сет на дуелот Ѓоковиќ – Давидович Фокина можеше да заврши и поинако со оглед на тоа што Шпанецот во третиот гем имаше две брејк топки. Но, Фокина имаше неизнудени грешки кои ги искористи првиот светски рекет најпрвин за израмнување, а потоа и за гем.

Веќе во следниот гем Ѓоковиќ го казни Фокина со што направи брејк. Тогаш е направена и одлучувачката предност која Србинот ја одржуваше до крајот на сетот.

При резултат 5:3 и 30:0, Ѓоковиќ отсервира еден од најбрзите сервиси во кариерата – 207 километри на час. Тоа беше и повеќе од доволно за три сет топки, а Ѓоковиќ ја користи втората.

Вториот најголем фаворит за златниот медал Данил Медведев со 6:2, 3:6 и 6:2 го совлада Италијанецот Фабио Фоњини и за полуфинале ќе игра против Пабло Карењо-Буста од Шпанија кој со 7:6 (7) и 6:3 го елиминираше Германецот Доминик Кепфер.

Во другите четвртфинални А. Зверев ќе ги одмери силите против Ж. Шарди, а К. Хачанов за противник го има У. Умбер.

ВИДЕО: Шпанска тенисерка го предаде мечот во Токио поради топлотен удар

Видео на денот