Уште еден Американец во редовите на КК Работнички

фото: championsleague.basketball

31-годишниот крилен центар ДеВон Вашингтон е нов играч на кошаркарскиот клуб Работнички. Американецот досега ги бранеше боите на Фалко-Вулкано во унгарската А дивизија.

Минатата сезона во кошаркарската Лига на шампионите имаше просек од 5.1 поен, 3.3 скокови и 1.5 асистенција по меч.

Вашингтон воедно во А дивизијата му помогна на клубот да биде најдобар во регуларниот дел од сезоната со просек од 6.3 поени, 3.3 скокови и 1.1 асистенција по натпревар.

Во сезоната 2018/19 ги бранеше боите на грчката екипа Кимис во тамошната лига каде што во 25 натпревари имаше 10.6 поени, 4.3 скокови и 1.5 асистенција по меч.

Претходно беше дел уште од Раифеисен (Австрија), Балкан (Бугарија), Каухајоки (Финска), Шиншу и Кумамото Волтерс (Јапонија), Гелисим (Турција), Бохемиос (Уругвај) и играше за Охајо Универзитетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот