Уште две жртви од Ковид-19 во Албанија, вкупно 15 лица

Министерството изразува сочувство до семејствата на починатите и ги повикува граѓаните ригорозно да ги почитуваат мерките за социјална дистанца и изолација, бидејќи тие се одлучувачки во спречувањето на ширењето на „Ковид 19″.

Албанското Министерство за здравство и социјална заштита соопшти дека двајца пациенти дијагностицирани со Ковид19 попладнево починале во Инфективната клиника во Тирана, со што бројот на починатите од опасниот вирус се зголеми на 15 лица.

„Попладнево починаа двајца пациенти кои беа хоспитализирани во Инфективната клиника во Тирана. Едниот е 77 годишен жител на градот Каваја, кој две недели беше третиран во клиниката, а почина ненадејно од срцев инфаркт. Боледуваше од срцеви болести и од дијабет. Вториот е 69 годишен жител на Хас,кој беше третиран осум дена а последните три дена беше интубиран, стои во соопштението на министерството.

Министерството изразува сочувство до семејствата на починатите и ги повикува граѓаните ригорозно да ги почитуваат мерките за социјална дистанца и изолација, бидејќи тие се одлучувачки во спречувањето на ширењето на „Ковид 19″.

Како што на пладне информираше заменик министерката за здравство и социјална заштита,Мира Ракацели, во земјата бројот на заразените е 243 што е за 20 повеќе од вчера. Најголемиот број од заболените се во Тирана или 129, Драч 26,Фиер 23 и Корча 15. Досега излекувани се 52 лица заболени од корона ворус.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот