Уште четири илјади Германци заразени со Ковид – 19 ќе го тужат Ишгл

Питер Колба, поднесе пријава до Обвинителството во Тирол, кое мора да го испита случајот и да одлучи дали постои основа за обештетување на засегнатите.

Околу 4.000 германски туристи кои се заразиле со коронавирусот се приклучија кон тужбата на Здружението за заштита на потрошувачи (ВСВ) против австрискиот скијачки центар Ишгл.

На властите на Ишгл и на покраината Тирол им се забележува дека свесно реагирале доцна на избувнување на инфекција на коронавирус и дека се обиделе да ја прикријат опасноста за да ја продолжат сезоната на скијање.

Претседателот на ВСВ, Питер Колба, поднесе пријава до Обвинителството во Тирол, кое мора да  го испита случајот и да одлучи дали постои основа за обештетување на засегнатите.

Колба потенцира дека имало финансиски и политички мотиви да се одложи, што е можно повеќе, прекинот на сезоната на скијање.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот