Уште 800 текстилни работници треба да се тестираат во рамките на скринингот во Штип

Забраната за работа во штипските тестилни и кожарски фабрики и денеска се почитува, информира градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски и Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец”. Масовното тестирање на работниците денеска се реализира во една, а утре завршува во последната која беше затворена. Во таргетираното тестирање се опфатени околу 800 работници од седум конфекции.

Директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова вели дека над 70 отсто од активните случаи се текстилни работници од седумте конфекции, најмногу има во првата која беше затворена, таму од сто работници над 50 се заразени со коронавирусот.

-Од 104 активни случаи до вчера од нив 77 се текстилни работници, а остнатите се членови на нивните семејства. Утре завршуваме со скринигот на конфекциите. Потоа целосно ќе се посветиме на тестирање на контактите на досега позитивните, бидејќи ни се појавија поединечни случаи за кои засега не можеме да утврдиме дали се поврзани со кластерот на конфекциите, вели Димитрова.

Во понеделник кога завршува забраната за работа две од конфекциите нема да работат. Соптсвениците ги пуштиле работниците на годишен одмор.

Штипскиот градоначалник, Бочварски вели дека оние кои од понеделник ќе ги отворат погоните мора да имаат Ковид 19 координатори. Тие ќе ги предупредуваат работниците за држење на дистанца и носење на маските во фабриките, но и за време на паузите.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА информира дека на Инфективното одделение се хоспитализирани 21 пациент позитивни на Ковид 19, а две лица чекаат резултатите од земените брисеви. Пациентите се со лесна и средна клиничка слика, а некои од нив и на повремена кислородна поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот