Уште 22 првачиња од ОУ „Гоце Делчев“ во изолација: Заразена учителка го носела детето на настава

Општина Центар ја информира јавноста дека уште 22 првачиња распоредени во две паралелки од центарското основно училиште Гоце Делчев се во изолација. Мајка на едно од првачињата, која е и наставник во училиштето, иако веќе неколку дена имала симптоми на коронавирусот, и не одела на работа, сепак детето го носела на настава.

Општина Центар најостро го осудува неодгворното однесување на наставничката и бара од директорката целосно да го испита случајот и соодветно да ја санкционира наставничката.

-Нагласувам дека вакво несовесно и неодговорно однесување на еден просветен работник не смее да биде толерирано. Наставниците треба да бидат пример како се работи посветено за доброто на децата и во никој случај не смеат да дозволат со своето однесување да ја доведат во опасност безбедноста на учениците- вели градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, кој е во постојан контакт со директорите на основните училишта, кои работат според препораките на надлежните здравствени институции.

Општината ги презема сите чекори за одржување на хигиената во училиштата и апелира до образовниот кадар и до родителите да ги почитуваат здравствените мерки и препораки.

Ја информирам јавноста дека уште 22 првачиња распоредени во две паралелки од центарското основно училиште Гоце Делчев се…

Publiée par Саша Богдановиќ sur Jeudi 8 octobre 2020

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот