Уште 200 граѓани на С. Македонија се ревакцинираа во Врање

фото Слободен печат

Уште двесте граѓани од С. Македонија ја добија втората доза од една од четирите вакцини на местото за вакцинација во Спортската сала во Врање, во рамките на соработката меѓу двете земји.

Д-р Љиљана Антиќ, в.д. директор на Здравствениот дом во Врање изјавила дека повеќето од вакцинираните се здравствени работници, новинари, но и граѓани.

 

Како дел од прекуграничната соработка за солидарност меѓу двете земји, повеќе од илјада граѓани Македонија, претежно од Скопје и Куманово, досега ја добија првата и втората доза на вакцината на вакциналните пунктови во Врање.

Во меѓувреме, билборд со порака за благодарност од С, Македонија се појави во центарот на градот пред зградата на општинското собрание на Врање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот