Уште 148 новозаболени од коронавирус, тројца починати

Скопје / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-50, Куманово-4, Дебар-2, Штип-2, Прилеп-9, Тетово-11, Велес-2, Битола-6, Кавадарци-6, Гостивар-3, Гевгелија-1, Струмица-6, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Кочани-18, Берово-11, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-5 и Неготино-1. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 65 оздравени пациенти од: Скопје-15, Куманово-5, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Битола-4, Охрид-5, Кавадарци-1, Гостивар-6, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-6.

Во болнички услови се починати 3 пациенти од Прилеп (62г), Кочани (87г) и Гостивар (64г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17629, бројката на оздравени пациенти е 14581, на починати е 725, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2323. Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:  Скопје 6881, активни 684,  Куманово 1745, активни 182,  Дебар 284, активни 42,  Штип 1251, активни 53,  Прилеп 667, активни 128,  Тетово 1424, активни 174,  Струга 664, активни 58, Велес 319, активни 34,  Битола 296, активни 59, Охрид 421, активни 44, Кавадарци 236, активни 49, Гостивар 928, активни 103, Гевгелија 125, активни 53 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани), Струмица 233, активни 150, Крива Паланка 107, активни 29, Радовиш 76, активни 18, Крушево 20, активни 3, Кочани 340, активни 149, Пробиштип 110, активни 21, Демир Хисар 61, активни 2, Македонски Брод 92, активни 13, Пехчево 43, активни 3, Берово 102, активни 38, Валандово 31, активни 22, Виница 108, активни 29, Делчево 159, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица), Кратово 24, активни 0, Свети Николе 341, активни 37,  Кичево 324, активни 39, Ресен 164, активни 16, Неготино 53, активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Направените 1224 теста се преку: ИЈЗ-488, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-297,  Биотек-87, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-72, Систина со PCR метода -106, лабораторија Лаор –61, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-58, Инфективна клиника-0, ГАК-16, Синлаб-15, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 185.321 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 72 пациенти. На кислородна поддршка се 30 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца  и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 165, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје): Чаир – 59, Гази Баба – 80, Аеродром – 109, Карпош – 83, Центар – 96, Кисела Вода – 79, Ѓорче Петров – 50, Бутел – 31, Шуто Оризари – 17, Студеничани – 9, Сарај – 12, Арачиново – 5, Илинден – 28, Сопиште – 3, Чучер Сандево – 5,  Петровец – 7, Зелениково – 2, Странец – 7, Нераспределен-2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот