Усеини: Како закупец 11 години уредно ги подмирувам обврските за оспоруваната летна тераса

Сопственикот на дивоизградениот објект кај Стариот чинар во Охрид, советникот Нефи Усени, со писмо до медиумите појаснува дека за летната тераса „Луна”  уредно на општината и на државата и ги исплаќа давачките односно надоместот за закуп.

Усени наведува дека врз него изминатиот период се врши постојан медиумски притисок, особено по градежните активности на локацијата, и оценува дека тоа се активности за дискредитација на неговото име, углед и политички поени.

– Компанијата „Нефи ИК” во чиј склоп е и ресторанот „Луна”, постои повеќе од десет години, со повеќе од 200 вработени, социјално одговорна фирма што уредно ги плаќа обврските и давачките кон Северна Македонија. Компанија која е и помага на многу загрозени семејства, но и компанија која го поттикнува спортот и екологијата. Затоа и ме чуди целата оваа хајка кон мене, започната од одредени медиуми, а продолжена од политичките партии, за локација за која што уредно имам поднесена и заверена документација во градот Охрид и за која што навремено ги подмирувам обврските кон градот, за закуп на летна тераса како закупец веќе 11 години – вели Усеини.

Прочитајте и...  Во Комисијата за заразни болести се финализираат протоколите за учебната година

За реновирањето на летната тераса на ресторанот Луна, тој појасува дека било спроведено со изработен елаборат, со почитување на квадратурата за која што плаќал закупнина и за која тврди дека го нарушува зеленилото или естетскиот изглед на плоштадот Крушевска Република.

„Сметам дека е крајно некоректно да се користи името на мојот ресторан како дел од проблемите на градот Охрид со УНЕСКО и ја поттикнувам иницијативата на премиерот Заев, дека законот мора да важи за сите. Затоа и апелирам до медиумите да ја задржиме презумцијата на невиност се додека градот Охрид не одговори по дадениов случај. Крајно е некоректно да се спроведува ваква хајка против компанија која што долги години работи за подобрување на условите за живот во Охрид, за унапредувањето на бизнисот и на туризмот во овој крај, а јас како советник секогаш сум се залагал и сум ги застапувал интересите за подобар живот на сите мои сограѓани“,  наведува  Усеини во соопштението.

Прочитајте и...  Тензии во Белорусија: Лукашенко ја напушти земјата и покрај победата, војската излегува на улиците (ВИДЕО)

Тој искажува и подготвеност да одговори на прашања на медиумите во врска со случајот, истакнувајќи дека за утврдување на вистината на новинарите ќе им биде достапна валидна документацијаза закуп на просторот.

Прочитај повеќе

Околу 3.000 луѓе се приведени за време на протестите во Белорусија

Слободен печат

Две крводарителски акции неделава, минатата седмица собрани 45 единици крв

МИА Агенција

Тројца заболени од Ковид-19 во Гевгелија

МИА Агенција

Повторно судири пред општинската зграда во Будва: Обезбедувањето не дозволило советниците да влезат (ВИДЕО)

Слободен печат

Досега до Град Скопје пристигнаа 2.301 онлајн апликации за субвенции за набавка на инвертери

МИА Агенција

Во охридската болница: Дошол на операција право од свадба

Мирослава Бурнс

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Германскиот министер за финансии е кандидат за канцелар на следните избори

Слободен печат

Нухиу ги потпиша актите за двојазични натписи на полициските амблеми

МИА Агенција

На албанските царини годинава спречен обиди за нелегално внесување на 1,1 милион евра

Слободен печат

Нестабилно време и во наредите денови

МИА Агенција

Ердоган: Турција постигна голем напредок во развојот на вакцина против коронавирусот

Слободен печат

Цените на нафтата зајакнаа по саудискиот оптимизам за нејзина зголемена побарувачка

Слободен печат