УС Опен: Зверев фуриозно до четвртфиналето, елиминирана Кербер! (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Денеска започнаа возбудувањата и во осминафиналето на грен слем турнирот „УС Опен“, Германецот Александар Зверев успеа да го совлада Алехандро Давидович Фокина.

Зверев кој е еден од фаворитите за титулата за еден и пол час игра беше подобар од шпанскиот натпреварувач со 6:2, 6:2 и 6:1.

Во борба за пласман во полуфиналето германскиот тенисер ќе игра со подобриот од пресметката Борна Чориќ-Џордан Томпсон.

Кај жените настапот го заврши Хрватката Петра Мартиќ која загуби во осминафиналниот меч од Јулија Путинцева (Казахстан) со 2:1 во сетови 6:3, 2:6 и 6:4 за скоро два и пол часа игра.

Следна противничка на Путинцева ќе биде Американката Џенифер Брејди која успеа да ја елиминира Анџелик Кербер од Германија со 6:1 и 6:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот