УС Опен тргна со рекорд и изненадување: Дури 58 брејк топки и пораз на деветтиот носител

epa08637705 Cameron Norrie of Great Britain hits a return to Diego Schwartzman of Argentina during their match on the first day of the US Open Tennis Championships the USTA National Tennis Center in Flushing Meadows, New York, USA, 31 August 2020. Due to the coronavirus pandemic, the US Open is being played without fans and runs from 31 August through 13 September. EPA-EFE/JASON SZENES

Диего Шварцман, деветтиот носител и минатогодишен четвртфиналист е поразен во првото коло на УС Опен.

Стартот на првиот грен слем по рестартот на тениската сезона, УС Опен, го одбележа поразот на аргентинскиот тенисер, Диего Шварцман. Деветтиот носител е поразен во чуден меч со 3:2 во сетови и тоа 3:6,4:6,6:2,6:1,7:5 од Британецот Камерон Нори.

Дуелот траеше речиси четири часа, а на него беше поставен нов рекорд на УС Опен бидејќи беа видени дури 58 брејк топки. Иако се мачеше против Британецот, изгледаше дека Шварцман ќе обезбеди пласман во второто коло бидејќи ги доби првите два сета, но потоа дојде до пад во играта и тоа го искористи Британецот.

Нори возврати со два убедливи сета по што победникот мораше да биде решен во петтиот сет. Во одлучувачкиот сет, Шварцман имаше водство од 5:3 и во наредните два гема пропушти по една меч топка и му дозволи на противникот да освои четири гема во серија и да победи.

Следен противник на Нори е уште еден Аргентинец, Федерико Корија кој иако губеше со 0:2 во сетови и 0:4 во во третиот сет, успеа да се извлече, да израмни на 2:2 во сетови по што неговиот противник Џејсон Џунг го предаде мечот.

Канаѓанецот Денис Шаповалов во четири сета со 6:4,4:6,6:3,6:2 го елиминира синот на поранешниот шампион на Австралија опен, Петер Корда-Себастијан Корда.
Еден од фаворитите за трофејот, Стефанос Циципас за точно 100 минути со 6:2,6:1,6:2 го победи Шпанецот АлбертРамос-Вињолас.

Во женска конкуренција успешен старт имаа фаворитките Анџелик Кербер, Каролина Плишкова, Каролин Гарсија, Петра Квитова кои своите дуели го решија во два сета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот