УС Опен: Сензационалната Пиронкова, Кенин закажа дуел со Мертенс (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Во женска конкуренција Бугарката Цветана Пиронкова која на „УС Опен“ учествува после три години пауза од тенисот, ја совлада Дона Векиќ од Хрватска во два сета со 6:4 и 6:1.

Пиронкова во осминафиналето ќе игра против Ализ Корне од Франција која успеа да се пласира во следната фаза откако при водство од 7:6 (4) и 3:2 мечот го предаде нејзината противничка од САД, Медисон Кијз.

Така, продолжува фантастичниот настап на Пиронкова на грен слем турнирот во САД, прво ја елиминираше Људмила Самсонова, потоа и фаворизираната шампионка, Гарбиње Мугуруза, исто така без загубен сет, а сега на ред дојде 24 тенисерка во светот.

Кенин закажа осминафинална пресметка со Мертенс после триумфот над претставничката од Тунис Унџ Џабир со резултат 7:6 (4) и 6:3. Азаренка исто така беше успешна, за еден час и 40 минути на теренот со 6:4 и 6:2 славеше над Ига Свјатек од Полска.

Денеска од 17.00 часот по македонско време е закажано и првото осминафинале, Бреди се соочува со Кербер, потоа од 18.00 часот Путинцева ќе игра против Хрватката Мартиќ, а Квитова (21.00 часот) ќе се обиде да ја оправда фаворитската улога на дуелот со Роџерс од САД. Осака, исто така една од главните кандидатки за освојување на трофејот за пласман во четвртфиналето ќе брка триумф над Контавејт.

УС Опен 2020

Жени, осминафинале (двојки):

Бреди (САД)-Кербер (Германија)
Путинцева (Казахстан)-Мартиќ (Хрватска)
Осака (Јапонија)-Контавејт (Естонија)
Роџерс (САД)-Квитова (Чешка)

Корне (Франција)-Пиронкова (Бугарија)
Сакари (Грција)-С. Вилијамс (САД)
Азаренка (Белорусија)-Мухова (Чешка)
Мертенс (Белгија)-Кенин (САД)

УС Опен: Прв загубен сет за Тим, недоволно за Чилиќ! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот