УС Опен: Прв загубен сет за Тим, недоволно за Чилиќ! (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Австрискиот тенисер се пласираше во осминафиналето откако после два и пол часа игра триумфираше со 3:1 против Марин Чилиќ. Доминик Тим, вториот носител на „УС Опен“, во третото коло го елиминираше хрватскиот претставник со 6:2, 6:2, 3:6 и 6:3.

Чилиќ успеа да освои сет, прв кој Тим го загуби од почетокот на грен слем турнирот, но Австриецот беше тој кој доминираше и рутински дојде до нова победа.

Во борбата за учество во четвртфинале, Тим ќе игра против Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим (15. носител) кој претходно убедливо со 6:1, 6:0 и 6:4 го совлада Французинот Муте.

Американецот Тиафо славеше против Фучович од Унгарија (6:2, 6:2, 6:2), додека италијанскиот натпреварувач Беретини со 3:0 (6:4, 6:4, 6:2) го исфрли Руд (Норвешка).

Денеска продолжуваат возбудувањата на грен слем турнирот во САД, првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ (Србија) од 20.00 часот по македонско време ќе игра против Шпанецот Карењо-Буста, претходно од 18.30 часот Давидович Фокина ќе ги одмери силите против Зверев, а од 23.00 часот Чориќ ќе игра со Австралиецот Томпсон. Програмата наредниот ден се очекува да ја затворат Шаповалов и Гофан (01.00 часот).

УС Опен 2020

Мажи, осминафинале (двојки):

Ѓоковиќ (Србија)-Карењо Буста (Шпанија)
Шаповалов (Канада)-Гофан (Белгија)
Чориќ (Хрватска)-Томпсон (Австралија)
Давидович Фокина (Шпанија)-А. Зверев (Германија)

Беретини (Италија-Рубљев (Русија)
Тиафо (САД)-Медведев (Русија)
Поспишил (Канада)-Де Минаур (Австралија)
Оже Алиасим (Канада)-Тим (Австрија)

УС Опен: Медведев експресно во осминафиналето, Поспишил го шокира Баутиста Агут

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот