„УС Опен“ поради коронавирусот нема да се одржи во Њујорк!?

Според шпанската „Марка“, можно е грен слем турнирот да се одржи во Калифорнија кој има тениски комплекс од 29 терени на тврда подлога.

Не само што дојде до откажување на „Вимблдон“ и одложување на „Ролан Гарос“, тенисот би можел наскоро да претрпи нова голема промена поради пандемијата на коронавирусот.

Како што пренесува „Марка“, грен слем турнирот „УС Опен“, нема да се организира во Њујорк каде и традиционално се играа досега мечевите.

Најголемиот тениски комплекс во САД, њујоршкиот „Национален тениски центар САД Били Џин Кинг“ е претворен во болница поради пандемијата на коронавирусот.

Таму сега се поставени 450 кревети за заразените лица, додека околу 25.000 илјади луѓе во тој комплекс доаѓаат за да се хранат.

Имајќи го во предвид бројот на инфицирани во Њујорк, „УС Опен 2020“ тешко дека ќе се одржи во „Големото јаболко“ – пишува „Марка“ и додава:

Четвртиот грен слем би можел да биде преместен во Калифорнија, каде што се одржува вториот најголем турнир во САД, „Индијан Велс“ кој беше првиот откажан турнир во тенисот поради пандемијата. Инаку Калифорнија има тениски комплекс кој се состои од 29 терени на тврда подлога (какви што се користат и во Њујорк), а централниот терен има трибини за околу 16.100 гледачи, што го прави втор најголем тениски стадион на светот.

Почетокот на „УС Опен“ е закажан за 31 август, а дали навистина ќе биде одржан 3.789 километри подалеку од Њујорк, останува за тоа да одлучат првите луѓе на тенисот во САД во соработка со АТП и ВТА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот