„УС Опен“ мора да биде откажан!?

Поранешниот француски тенисер и легенда на овој спорт Анри Леконт смета дека „УС Опен„ мора да биде откажан, затоа што многу играчи не можат да играат во Њујорк.

УС Опен е закажан за август по Синсинати и Вашингтон, но прашање е колку играчи ќе играат на грен слем турнир заради тешкиот распоред направен за месец и половина каде има два гренд слема и неколку турнири во Мастерс серијата.

Рожер Федерер веќе откажа, чичко на Рафаел Надал, Тони рече дека распоредот е луд, а против истиот е и Енди Мареј, а Беноа Пер веројатно ќе откаже, а тоа им одговара најмногу на Американците како Сем Квери или Тенис Сандгрен.

УС Опен не е можен и треба да биде откажан. Не мислам дека многу играчи ќе одат таму. Прво од здравствени причини, пандемијата е далеку од завршена. А потоа и затоа што не можете да играте на Гренд слем зад затворени врати. Јас дури и не можам да замислам како би била атмосферата – вели Леконт за „Оуест Франс“

Тој посочи дека гледањето натпревари на академијата Муратоглу нема ист шарм. Постојат технички услови, но не и вистински.

Мора да престанеме постојано да бараме повеќе. Време е да се направи нов модел и да се вратиме на поедноставни и поздрави работи. Да се повториме. АТП и ВТА би можеле да се обединат и да направат заеднички турнири што би привлекле повеќе луѓе. Исто така, би можело и да се размислува околу тоа турнирите повеќе да се врзуваат географски за да се избегнат патувањата и да се дозволат трошоците да бидат малку амортизирани – предложи Леконт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот