„УС Опен“: Ѓоковиќ со шампионски старт, крај за Бушар и Бердих

twitter.com/standardsport

Новак Ѓоковиќ убедливо со 3:0 по сетови 6:4, 6:1 и 6:4 за нешто помалку од два часа го елиминираше Шпанецот во првото коло на „УС Опен“.

На стадионот „Артур Еш“, српскиот тенисер ја оствари осмата победа по ред, вклучувајќи триумф и од минатогодишниот турнир.

Денеска официјално започна „УС опен“ и ќе се игра до 8 септември за награден фонд од 57 милиони долари, а титулата ја брани токму Ѓоковиќ кој во второто коло ќе игра со подобриот од дуелот Сем Квери-Хуан Игнасио Лондеро.

На останатите пресметки во машка конкуренција на стартот се елиминирани Типсаревиќ и Бердих, а при водство од 6:1 и 4:1 за Нишикори мечот го предаде Трунгелити.

Кај жените порази доживеаја Бушар и Кербер, а сигурни беа Барти, Каролина Плишкова и Венус Вилијамс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот