УС Опен: Ги нема Надал и Федерер, но тука е првиот светски рекет Ѓоковиќ!

Српскиот ас ќе се обиде да освои нова титула на грен слем турнирот во Њујорк, а претходно ќе се обиде да го покори и Синсинати како добра подготовка.

Во последните неколку недели имаше многу дилеми дали Новак Ѓоковиќ ќе учествува на „УС Опен“ поради ситуацијата со Ковид-19.

Најдобриот светски тенисер на крајот одлучи да биде дел од УС Опен каде што нема да партицираат едни од неговите најголеми конкуренти за највисок пласман, Рафаел Надал и Рожер Федерер.

Тренерот на втората тенисерка на светот Симона Халеп, Дарен Кејхил е сигурен дека Србинот ќе биде на најдобро можно ниво.

Ѓоковиќ одлично стартуваше оваа година и мислам дека ќе биде во добра форма на УС Опен. Во ред, ги нема Надал и Федерер, но тука е Ѓоковиќ. Доколку се вратите неколку години наназад, ќе видите дека на голем број турнири во 2016 и 2017 година ги немаше Надал, Федерер, Вавринка, Дел Потро, Раониќ…Постојат многу играчи кои недостасуваа на големите турнири, и турнирите се одржуваа  – рече Кејхил во разговорот за „Вајд Ворлд оф Спортс“.

Синсинати ќе започне в сабота и ќе трае до 28 август, а три дена подоцна стартува од 31 август и е планирано да заврши на 13 септември 2020 година.

Рекордите ќе покажат дека ќе имаме шампион. Историјата ќе каже дека ќе се смета на сè – додаде Кејхил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот