УС Опен: Без проблеми за Вилијамс и Азаренка, изненадена Конта (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Во женска конкуренција третата носителка Серена Вилијамс ја оправда фаворитската улога против Маргарита Гаспарјан за пласман во третото коло. Американката на грен слем турнирот УС Опен за еден и пол час игра ја елиминираше со резултат 2:0 во сетови 6:2 и 6:4.

Во следното трето коло една од главните фаворитки за титулата оваа година, ќе игра против својата сонародничка Слоун Стивенс која во два сета беше подобра од Белорусинката Говорцова.

Викторија Азаренка (Белорусија) иако послаборангирана во белорускиот дуел успеа да триумфира бад 11 тенисерка во светот, Арина Сабаленка со 2:0 (6:1, 6:3).


Азаренка во наредната фаза ќе игра против победничката од Викери-Свиатек. Потсетување, Викери водеше со 1:0 во сетови, а мечот беше прекинат поради дожд.

Еден интересен натпревар одиграа уште Кирстеа и Конта, Британката (13, ВТА) го освои првиот сет (6:2), но нејзината противничка од Романија направи пресврт 7:6 (5) и 6:4.

УС Опен, 2. коло (резултати) –

Фернандез (Канада)-Кенин (САД) 0:2 (4:6, 3:6)
Мучова (Чешка)-Калинскаја (Русија) 2:0 (6:3, 7:6 (4))
Корне (Франција)-Бонавонтур (Белгија) (7:6 (4), 6:3)
Кијз (САД)-Болсова Задоинов (Шпанија) (6:2, 6:1)

Во наредното трето коло чешката претставничка Квитова ќе ги одмери силите против Пегула (САД), потоа Германката Кербер од 18.30 часот се соочува со Ли (САД), а во истиот термин интересно се очекува да биде и на дуелот меѓу Гарсија (Франција) и Бреди (САД).

Бугарска тенисерка три години не играше тенис, а на УС Опен елиминира двојна грен слем шампионка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот