Уругвај едвај против Јапонија (ВИДЕО)

Селекцијата на Јапонија која на Копа Америка настапува со млад тим, два пати пред 30.000 навивачи со Порто Алегре водеше против фаворизираниот противник кој некако успеа да извлече реми.

По катастрофата од Чиле (4:0), селекторот на Јапонија, за дуелот со Уругвај направи дури седум измени, и меѓу нив беше Коџи Мијоши, 22-годишниот фудбалер на Јокохама. Токму Мијоши во 25 минута донесе водство за Јапонија кое седум минути подоцна го анулира Луис Суарез со гол од пенал.

И вториот гол за Јапонија беше дело на Мијоши, и тоа во 59 минута. Бодот за Уругвај го донесе Хименес, седум минути подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот