Урсула Фон дер Лејн: Ни збор за проширувањето на ЕУ

Фото: ЕПА

Урсула Фон дер Лејн кандидатката за претседател на Европската Комисија во својот говор ги презентираше темите што како приоритети ги има доколку биде избрана за оваа висока функција. Таа денеска се заложи за посилна улога на ЕУ во борбата против климатските промени, за постигнување социјална правда и еднаквост, владеење на правото и поефикасна надворешна политика на ЕУ, нагласувајќи дека нејзината цел е обединување и зајакнување на Европа.

Проширувањето на ЕУ не беше споменато ниту еднаш иако претходните денови, одговарајќи на пратенички прашања, таа порача дека Северна Македонија и Албанија треба да започнат преговори за членство во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот