Урсула Фон дер Лајен денеска во Скопје, утре Оливер Вархељи

Урсула фон дер Лајен / Фото: EPA-EFE/FRANCISCO SECO / POOL

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ќе допатува во посета на Скопје, каде што свечено ќе биде пречекана од премиерот Зоран Заев на платото пред Владата.

Портпаролот на Европската комисија Ерик Мамер претходно изјави дека Фон дер Лајен во Скопје ќе разговара и за спорот со Бугарија, а по средбите со македонските државни домаќини ќе одржи прес-конференција на која ќе одговара на разни прашања.

– Претседателката оди во Западен Балкан да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот, ова се партнери на ЕУ со кои имаме многу силни врски и посетата ќе биде можност да се разговара за овие односи, вклучувајќи и за односите со Бугарија – рече Мамер.

Фон дер Лајен од денеска до 30 септември ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан почнувајќи од Албанија и Северна Македонија. Посетата на регионот се случува една недела пред Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи на 6 октомври во Словенија, со лидерите од регионот. Од Европската Унија инсистираат дека овој самит нема да биде „самит за проширувањето“ туку можност да се разговара за односите на ЕУ и регионот.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархељи, пак, утре ќе допатува за Скопје, потврдија службите на Европската комисија. Програмата на посетата сѐ уште се финализира, но извесно е дека тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Вархељи минатата недела беше во Бугарија каде што разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите со Северна Македонија во ЕУ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот