Уролог предупредува: По прележан коронавирус, не смеете да правите деца најмалку два месеци

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Коронавирусот остава последици на речиси сите органи, а оние кои ја прележале оваа инфекција, како што наведуваат експертите, по првиот негативен тест, не би требало да размислуваат за проширување на семејството најмалку два месеци, пишува во печатеното издание на српскиот весник „Објектив“.

Познатиот српски уролог, д-р Александар Милошевиќ, објаснува дека и покрај фактот дека оваа зараза ровари во светот речиси една година, списокот со последици што ги предизвикува се проширува секој ден, поради што оние кои се заразиле со вирусот мора да бидат стрпливи кога станува збор за сексуалните односи.

Доктор Милошевиќ наведува дека кај мажите кои имале потешка форма на коронавирус е присутна сексуална дисфункција поради воспалителните процеси што ги претрпеле, но и интензивните и тешки терапии.

– Сите вируси се носители на РНК, што влијаат на нашата генетика, поради што ние не можеме со сигурност да тврдиме дека коронавирусот не може да влијае на фетусот којшто би настанал веднаш по прележувањето на вирусот. Кога ќе го прележе коронавирусот, пациентот не треба да брза никаде, ниту пак, треба воопшто да размислува за сексуалноста. Потребно му е закрепнување, никој нема да изгуби ништо ако ја премести работата на потомството за неколку месеци. Потребно е целиот организам да се врати во редовната рамнотежа – наведува д-р Милошевиќ.
Тој истакнува дека кај пациентите кои подолго време се лекуваат од коронавирус се појавува психолошки ефект од пропуштени животни можности, што се однесува на периодот што го поминале во креветот.

– Многумина кои планирале да го прошират своето семејство, а ги погодил коронавирусот, по враќањето од болницата не треба да се обидуваат да зачнат дете по секоја цена – вели тој.
Според неговото мислење, да се прават деца не е задача! Кај здрава личност, до зачнување доаѓа кога е опуштена и одморена, наведува тој.

„Објектив“ имал увид во студијата на престижното американско списание „Плодност и стерилитет“, кое го испитувало присуството на вирусот SARS-CoV2 во спермата. Имено, во студијата била анализирана семената течност кај 34 мажи со прележан ковид-19, но со поблага клиничка слика. Кај сите пациенти, вирусот SARS-CoV2 бил лабораториски докажан. Анализата е направена во просек 31 ден по поставената дијагноза на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот