Урнебесна црногорска реклама за коронавирусот која ќе ве насмее (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Црногорска реклама преку која се укажува на значењето на почитувањето на превентивните мерки против Ковид-19 стана вистински хит на интернет.

Во видеото гледаме црногорско семејство додека руча на маса пред куќата, а баба со визир плете покрај нив.

Мајката и ќерката му кажуваат на таткото за новото момче на нивната ќерка, а мајката го фали: „Од добра куќа, многу убав човек, правилно ја носи маската, ги мие и ги дезинфицира рацете“.

Потоа, ќерката му покажува на својот татко слика на еден млад човек со маска и тој коментира: „Убав е, но не дозволувај да ти се приближи поблиску од два метра“.

На крајот на рекламата е прикажана романтична вечер во автомобилот, а кога момчето ќе ја тргне маската и ќе се приближи кон девојката, таа го прска со средство за дезинфекција, по што се открива дека зад маската воопшто не е девојка, туку нејзиниот маскиран татко.

Промотивното видео се појави на „Јутјуб“ и за само два дена има над 100.000 прегледи, а се наведува дека е снимено под покровителство на Светската здравствена организација.

Погледнете:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот