Урнебесна анегдота, Роналдињо не знаел како да подигне пари од банка

Роналдињо/ фото: EPA/Alex Cruz

Бразилецот Роналдињо се смета за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, во одреден момент од својата блескава кариера играше во Мексико и тоа за екипата на Керетаро за годишна плата од два милиони долари.

Тој остана во Мексико само една сезона но и тој период беше доволен за да се создадат спомени кои ќе се раскажуваат, а една таква откри неговиот поранешен соиграч, Емануел Виља.

– Сопственик на ресторан во Мексико сити сакаше да отвори бразилски ресторан и му понудија 100.000 долари на Роналдињо за свечено да ја пресече лентата, но тој ги одби. Им рече дека тоа се премалку пари – открива Виља.

Мексиканецот потоа откри уште една урнебесна анегдота, Роналдињо не знаел дека може да подигне пари во банка.

– Роналдињо тогаш имаше 35 години, а не знаеше дека може да оди во банка и да си ги подигне своите пари. Брат му се грижеше за финансиите. Ние ништо не го прашувавме за кредитни картички бидејќи замислете, тој не ни знаеше што е банка. Неговиот брат замина на патување во САД, а на Роналдињо му беа потребни 30.000 пезоси. Тој отиде кај својот сметководител и му побара пари.

Сметководителот наводно бил зачуден од барањето на Роналдињо.

– Нема проблеми, но доколку сакаш можам да се одведам во банка за да подигнеш пари – му рекол сметководителот.

– Можам да подигнам помал износ на пари во банка – зачудено прашал Роналдињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот