Урнебесен финиш во октагонот, откако загуби му се пушти на судијата (ВИДЕО)

принтскрин

ММА пресметката помеѓу Девин Пауел и Маркус Сурин на Белатор  232 приредбата донесе два крајно интересни и урнебесни моменти, прекинот на борбата и случувањата по него.

Пауел до 10. победа во кариерата дојде откако во последните секунди од втората рунда со одличен зафат го совлада противникот. Неколку секунди пред крајот на рундата, Сурин го подигна палецот покажувајќи дека се е во ред со него, а потоа се огласи и звукот за крај на рундата, но кога Пауел го пушти противникот тој се нафрли на судијата.


Сурин тргна да се бори со судијата Кевин Мекдоналд и го фати за ногата  во обид да го собори на подот. Противникот тоа го примети и веднаш започна да ја слави победата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот