Урнебес во Бугарија: Фудбалски клуб преку Фејсбук бара играчи

Се може да се види во светот на фудбалот посебно во посиромашните земји, а неверојатно е обичен збор посебно за екипите од пониските лиги.
Последниот пример доаѓа од Бугарија каде екипата на Спартак Варна на Фејсбук објави оглас со урнебесна содржина.

Тренерот на екипата објави дека Спартак Варна бара стопер кој знае да игра во формацијата 3-5-2, но и да поседува пасош од земја од Европската унија.
Заинтгересираните тренер да мејл да испратат своја биографија и видео, а потоа клубот ќе одлучи кого ќе повика на проба за чие време гарантира сместување и храна.
Месечната плата е 400 до 500 евра со обезбедено сместување.


Тренерот Киријакос Георгиу исто така пишува дека клубот го презело ново раководство и сака во најкраток рок да се врати во првата бугарска лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот