Урнатини: Над 5.000 ученици во Сисак и во Петриња останаа без своите училишта

EPA EFE
Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Пет училишта се целосно неупотребливи на подрачјата на Сисак, на Глина и на Петриња, што беа најпогодени од вчерашниот разорен земјотрес, додека девет ќе можат да се санираат, изјави хрватскиот министер за наука и образование, Радован Фухс.

– Пет училишта се целосно неупотребливи, девет ќе можат да се санираат, но потребни се сериозни реконструкции и имаме 13 училишта кои ќе можат да функционираат, рече министерот пред новинарите пред владината седница, пренесува Н1.

Без училиште во Сисак останаа 3.489 ученици, а во Петриња 1.843, прецизираше министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот