Урната со пепелот од Мира Марковиќ стигна во Србија

Урната со посмртните останки на Мира Марковиќ, сопругата на поранешниот претседател на Србија и СР Југославија, Слободан Милошевиќ, утрово стигнала од Русија во Србија, соопшти БК телевизија.

По желба на семејството посмртните останки ги донел нивниот пријател Слободан Булатовиќ.

Погребот е утре во 15 часот во Пожаревац.

Мира Марковиќ почина во неделата во 77. година од животот во Москва по компликации предизвикани од запаление на белите дробови, која ја добила по две извршени операции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот