Уредување на односите меѓу Македонија и В. Британија по Брегзит: Министерот Османи и амбасадорката Галовеј ќе потпишат Спогодба за партнерство, трговија и соработка

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј денеска во МНР ќе потпишат Спогодба за партнерство, трговија и соработка меѓу двете држави.

Со оваа Спогодба, посочуваат од МНР, се уредуваат трговските односи меѓу двете држави по излезот на Обединетото Кралство од Европската Унија (ЕУ).

– Спогодбата воспоставува правна основа на идните трговски односи меѓу двете држави, кои во моментот се одвиваат согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија. Со неа се обезбедува целосен континуитет на трговските односи без промени на досегашните услови и ќе се применува по истекот на преодниот период договорен меѓу ЕУ и Обединетото Кралство, кој во моментот е предвиден за 31 декември 2020 година, наведуваат од МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот