Уредување и разубавување на улицата на Тоше во Крушево

Во Крушево продолжува уредувањето и разубавувањето на улицата на Тоше во центарот на градот. Голем број волонтерки од Црвен крст и други крушевски здруженија, дел од Платформата за развој на туризмот, продолжуваат со работа на „Улицата на Тоше”.

Според градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски, посебен шарм на улицата и дава што се слушаат песните на Тоше Проески.

– Улицата изгледа прекрасно. Богата е со цвеќиња и „зачинета” е со песните на Тоше. Продолжуваме со работа и убавиот изглед е заслуга најмногу на волонтерите кои работат со наша асистенција. Апелирам до моите сограѓани ова да го чуваме и да го одржуваме заедно,  и улицата на нашиот Тоше да биде најубавата во Крушево, вели Христоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот