Уредникот на „КРИК“ на „црна листа“: Му ги скенирале зениците и го депортирале во Србија

Уредникот на „КРИК“, Стеван Дојчиновиќ, за Н1 изјавил дека, освен што е ставен на „црната листа“, тој не добил друго објаснување зошто не му било дозволено да влезе во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Дојчиновиќ е приведен на аеродромот во Абу Даби, каде требало  да говори на конференцијата на Обединетите нации за дрога и криминал, а потоа е депортиран назад  во Србија.

-Синоќа, кога слетав на аеродромот во Абу Даби, околу 20 часот, веднаш штом го предадов пасошот на граничниот службеник, по неговиот изразна лицето видов дека видел нешто во компјутерот што не е во ред- рече Дојчиновиќ.

Тој вели дека потоа бил однесен во одделот за имиграција, а потоа и во делот на аеродромот каде се наоѓа полицијата.

-Ме чуваа таму следните 12 часа, сè до утрото кога ме испратија назад во Србија- вели тој.

Дојчиновиќ вели дека се обидувал да комуницира со нив, но не му соопштувале никакви информации.

-Ми зедоа отпечатоци од прстите, ми ги скенираа зениците… Преку комуникација со нив, дознав дека сум на некоја „ црна листа“, но не од нив, туку од друга влада- вели Дојчиновиќ.

Тој се потсетил дека му бил забранет влез во Русија во 2015 година, па можно е Русија да го ставила на таа листа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот