Уредени нови зелени површини во Скопје

фото: МИА

Екипите на Град Скопје хортикултурно уредија и реконструираа повеќе јавни зелени површини во различни делови од градот. На зелените плоштади и коридори е поставена мрежа за наводнување, уредени се нови тревници и цветни форми и се засадени садници.

На булeварот „Србија”, спроти Џевахир Скај Сити, на површина од 4.781 квадратен метар е уреден зелен плоштад со хидрантска мрежа и 50 прскалки. Со зеленило е уреден и просторот во Ново Лисиче меѓу булеварот „Февруарски поход” и улицата „Тодор Чангов”, на површина од 3.635 квадратни метри.

Зазелени и просторот меѓу улиците „Втора македонска бригада” и „Кемал Сејфула” во Чаир на површина од 3.590 квадратни метри, а уреден е и зелен коридор на булеварот „8. Септември” во Карпош – на потегот меѓу булеварите „Партизански одреди” и „Митрополит Теодосиј Гологанов”, на површина од 3.479 квадратни метри.

Во текот на изминатите месеци со зеленило се збогатени јавни површини и на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов”, кај „Реплек”, на булеварот „Партизански одреди”, кај Соборниот храм „Свети Климент Охридски” и во близина на Универзалната сала, како и на просторот зад „Дрводекор” и на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов” во близина на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу”.

Град Скопје соопшти дека активностите за уредување нови зелени плоштади и зелени коридори ќе продолжат и во текот на летово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот