Уредени нови зелени површини во Скопје

Екипите на Град Скопје хортикултурно уредија и реконструираа повеќе јавни зелени површини во различни делови од градот. На зелените плоштади и коридори е поставена мрежа за наводнување, уредени се нови тревници и цветни форми и се засадени садници.

На булeварот „Србија”, спроти Џевахир Скај Сити, на површина од 4.781 квадратен метар е уреден зелен плоштад со хидрантска мрежа и 50 прскалки. Со зеленило е уреден и просторот во Ново Лисиче меѓу булеварот „Февруарски поход” и улицата „Тодор Чангов”, на површина од 3.635 квадратни метри.

Зазелени и просторот меѓу улиците „Втора македонска бригада” и „Кемал Сејфула” во Чаир на површина од 3.590 квадратни метри, а уреден е и зелен коридор на булеварот „8. Септември” во Карпош – на потегот меѓу булеварите „Партизански одреди” и „Митрополит Теодосиј Гологанов”, на површина од 3.479 квадратни метри.

Прочитајте и...  Само што им го дозволија, повторно укинат бесплатниот превоз за пензионерите

Во текот на изминатите месеци со зеленило се збогатени јавни површини и на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов”, кај „Реплек”, на булеварот „Партизански одреди”, кај Соборниот храм „Свети Климент Охридски” и во близина на Универзалната сала, како и на просторот зад „Дрводекор” и на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов” во близина на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу”.

Град Скопје соопшти дека активностите за уредување нови зелени плоштади и зелени коридори ќе продолжат и во текот на летово.

Прочитај повеќе

Бугарија го укина карантинот за граѓаните од ЕУ, Србија и Северна Македонија

Слободен печат

Пингвини од зоолошка прошетаа во празен музеј, но никој не очекуваше дека ќе реагирааат вака (ФОТО+ВИДЕО)

Клуге: Наесен можен втор и посмртоносен бран на Ковид-19

Слободен печат

Тачи очекува новата Влада на Косово да се формира што поскоро

МИА Агенција

Протести ширум светот поради убиството на Џорџ Флојд (ФОТО)

Слободен печат

Дука: Во Дебар подолго време не се направени тестирања за Ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Таравари смета дека членовите на Комисијата за заразни болести потпаднале под влијание на политиката

Слободен печат

Путин го одложи референдумот за промена на Уставот

Слободен печат

Пет штипски конфекции се затвораат, се врши масовно тестирање на работниците

Слободен печат

Градоначалникот на Бутел во самоизолација, бил во контакт со Лукаревска

Слободен печат

Двојно убиство и самоубиство го потресе југот на Србија, Сурдулица завиена во црно

МИА Агенција

Уставниот суд ја објави одлуката со која се отвора патот за формирање нова влада на Косово

МИА Агенција