Уред со УВ зраци за дезинфекција од вируси и бактерии доби Инфективна, болницата во Тетово и Прилеп

„УВ Гардот” претставува изум од македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров од Свети Николе.

Изминатава недела, Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и Клиничката болница во Тетово добија донација „УВ Гард” – уред со УВ зраци за дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии, со цел зајакнување на условите во установите во период со справување со вирусот ковид-19. Денеска, ваков уред доби и Општата болница во Прилеп.
Функционалноста на овој апарат е следна:
– Дезинфицира и површини и воздух, 360 степени наоколу;
– Работи на принцип на зрачење кратка UV-C бранова должина од 254 нанометри;
– Ги убива микроорганизмите кои доаѓаат во контакт со светлината, им ги уништува нуклеинските киселини и ја нарушува нивната ДНК, оставајќи ги без можност да ја вршат својата функција;
– Просторијата што се дезинфицира мора да биде празна, но тоа не е проблем бидејќи уредот се контролира од далечина и го заштитува тој што го ракува;
– УВ зраците допираат до места кои се недостапни и стопроцентно ги елиминираат вирусите и бактериите и на нерамни површини;
– За просторија од 40 квадратни метри се доволни околу триесетина минути, а веднаш по дезинфекцијата се чувствува силен мирис на озон.
„УВ Гардот” претставува изум од македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров од Свети Николе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот