Урбаните моторџии ќе возат низ Скопје во чест на машкото здравје

 Урбаните моторџии облечени во елегантни костими и со своите уникатни мотори денеска петта година по ред ќе возат низ скопските улици во име на машкото здравје и борбата против ракот на простата. Со тоа, Скопје и годинава ќе биде дел од глобалното движење „The Distinguished Gentleman’s Ride”.

Иако годинава слават мал јубилеј, сепак актуелната состојба со Ковид 19 наложи нови правила на глобално ниво кои ќе бидат испочитувани и во главниот град на државата. Наместо заедничко дефиле, годинава почитувајќи го мотото „Ride solo together”, тие самостојно ќе продефилираат низ скопските улици, но ќе останат социјално поврзани и обединети со единствена цел – грижа за машкото здравје.

Освен обидот да се подигне јавната свест за машкото здравје, урбаните моторџии со донации на дело ја покажуваат и својата хумана особина. Секоја година на глобално ниво се собираат значителни финансиски средства кои потоа се донираат онаму каде се најпотребни.

Прочитајте и...  Министерот Оливер Спасовски оздраве од ковид-19: Оваа битка е многу добро животно искуство

Движењето го поттикна Mark Hawwa во 2012 година во Сиднеј кога облечен во фин костим заедно со своите пријатели продефилира низ улиците во чест на негов пријател кој ја изгубил битката со ракот на простатата. Оттогаш движењето зема замав и од година во година е се поголем бројот на учесници и собрани средства. Во изминатите девет години собрани се повеќе од 24.5 милиони долари, а во глобалното движење досега се вклучиле над 316.000 учесници во повеќе од 104 држави во светот.

Поврзани вести

Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг му ja честиташе победата на Бајден

Илинка Иљоска

ВИДЕО: Хаос на аеродромот во Шангај, терстирањето за ковид-19 излезе од контрола

Илинка Иљоска

ВИДЕО: Драма меѓу две членки на НАТО во водите на Средоземното Море: Анкара протестира затоа што тимот на мисијата на ЕУ претресе турски брод на пат кон Либија

Илинка Иљоска

Велешките еколошки возила ги надминуваат границите

Слободен печат

ВИДЕО: На тајна венчавка се собрале 7.000 луѓе без маски

И.И.

Ахмети: Нема загриженост дека Меџити може да поднесе интерпелација против Груби и Османи

Слободен печат

Остави Коментар