Ураганот Сали им донесе џиновски алигатор во дворот и тоа не е сѐ (ВИДЕО)

Фото: Tina Lambert Bennett

Бурата која дојде по ураганот носи нови ризици, па така Тина Ламберт Бенет, жителка на Галф Шорс, Алабама забележа дека ураганот Сали им донела поголема опасност. Имено, таа сними алигатор како шета низ поплавениот двор, пред куќата каде што живее.

– Отидов горе да ја снимам штетата врз нашиот имот како и тоа што им се случило на соседите, а кога погледнав надолу, го видов овој џин во нашиот двор, вели Тина за Си Ен Ен.

Таа вели дека алигаторите не се невидени во овој регион, но се со помали димензии, за разлика од снимениот кој е многу голем.

Погледнете:

„Ние  сме свесни дека ги има во нашата околина како и многу видови отровни змии, и знаеме дека не треба да одиме во поплавените места. Но ме изненади големината на овој примерок“, рече таа.

Бенет вели дека Сали, кој го удри јужниот дел на САД како ураган од втора категорија, прво донел силни ветришта во регион, а потоа и поплави.

„Синоќа прво нѐ удрија силни ветрови кои откорнаа дел од покривот од куќата и предизвикаа прекин на струјата и други штети. Исто така предизвикаа излевање на околните канали и поплава на земјиштето и улиците. Со покачувањето на нивото, се поплави нашиот имот и змии и алигатори дојдоа во потрага по место за пливање, вели Тина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот