Ураганот Сали го потопи јужниот дел на САД (ФОТО+ВИДЕО)

epa08674577 People walk through a neighborhood flooded due to Hurricane Sally in Orange Beach, Alabama, USA, 16 September 2020. Hurricane Sally made landfall this morning as a Category 2 hurricane. EPA-EFE/DAN ANDERSON

Ураганот Сали што вчера го погоди брегот на Алабама и на Флорида доведе до историски и катастрофални поплави и масовен прекин во снабдувањето со електрична енергија, соопшти американскиот Национален центар за урагани.

Поплавени улици во Оринџ Бич, Алабама/ 16 септември 2020/ Фото: EPA-EFE/DAN ANDERSON

Речиси еден метар вода имаше на улиците во центарот на Пенсакола, Флорида, додека голем број патишта и мостови се уништени, а бурата го зафати и градот Мобил во Алабама.

Паднато дрво во Мобајл, Алабама како последица од ураганот Сали, 16 септември 2020/ Фото: EPA-EFE/DAN ANDERSON

Повеќе од половина милион домови и продавници во Алабама и Флорида останаа без електрична енергија. Пристаништата, училиштата и продавниците се затворени долж погодениот американски брег.

Енергетските компании го намалија производството на нафта и гас во Мексиканскиот Залив, а некои рафинерии го стопираа или намалија производството.

Големи штети од ураганот Сали во Алабама/ 16 септември 2020 Фото: EPA-EFE/DAN ANDERSON

Претседателот на САД, Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во делови на Лујзијана, Мисисипи и Алабама. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот