Ураганот Доријан се поблиску до Бахамите – Луѓето во паника се евакуираат (ВИДЕО)

Ураганот Доријан се приближува кон северниот дел на Бахамите како бура од 4. категорија со удари на ветер од 240 километри на час.

Премиерот на Бахамите, Хуберт Минис рекол на прес-конференцијата дека 73.000 луѓе се загрозени од бурата и ги предупредил жителите на помалите острови да се евакуираат, јавува Ројтерс.

Хотелите се затворени, а многу жители засолниште побарале во црквите, училиштата и другите објекти во исчекување на ударот на ураганот во текот на денот.

Доријан во моментов е оддалечен околу 450 километри од Вест Палм Бич на Флорида, јавува АП.

Милион жители од Флорида до Каролина се во страв од ураганот, додека метеоролозите предупредуваат дека Доријан може да преедизвика опасни поплави дури иако не удри директно на копно, наведува агенцијата.

Градоначалникот на Мајами, Франсис Суарес, прогласи вонредна состоја во саботата попладнето поради евентуални закани од ураганот Доријан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот