УРАГАНОТ БЕРИ СЕ ПРИБЛИЖУВА И СТАНУВА ПОСИЛЕН: Автомобилите во Њу Орлеанс веќе пливаат во вода (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Американскиот Национален центар за урагани денеска соопштил дека тропското невреме Бери со голема јачина се приближува кон брегот на Луизијана, а се очекува до утре да стане ураган.

Како што се пренесува, јачината на ветерот е се поголема, и сега изнесува повеќе од 100 километри на час, а се очекува тој да биде уште посилен, додека во Њу Орлеанс каде е прогласена вонредна состојба, автомобили веќе пливаат во вода.

Во Луизијана исто така е прогласена вонредна состојба, а долж целиот брег се на сила предупредувања од ураган.

Како што тврдат американските медиуми, вистинската опасност не е ветерот, туку дождот, бидејќи невремето би можело да донесе најголеми врнежи после повеќе од една деценија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот