УРАГАНОТ БАРБАРА ПОЧНУВА ДА ДИВЕЕ: Се движи кон Мексико со 215 км на час (ВИДЕО)

Фото:Профимедиа

Ураганот Барбара добива на сила додека преминува преку Тихиот океан во насока запад-северозапад.

Американскиот Национален центар за урагани објави дека пристигнуваат ветрови кои дуваат со брзина од 215 километри на час, со уште посилни повремени удари, поради што овој ураган спаѓа во четврта категорија.

Центарот на ураганот е на околу 1.705 километри југозападно од јужниот врв на мексиканскиот полуостров Баха Калифорнија и се движи кон брегот со брзина од 24 километри на час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот