УРАГАН ДОАЃА КОН ЕВРОПА: Ќе донесе ветрови и огромни бранови на Азорските острови, Британците се евакуираат (ВИДЕО)

Ураганот Лоренцо денес стигна до Азорските острови донесувајќи обилен дожд, силни ветрови и високи бранови.

Според првичните извештаи, ураганот веќе направил помала штета, пренесува АП.

Според податоците на агенцијата за цивилна заштита на Азорските острови, ураганот од втора категорија срушил дрвја на патиштата и бројни домови оставил без струја.

Се наведува дека јачината на овој ураган кој се движи кон Ирска и Велика Британија со сила од 145 километри на час е многу ретка во овој дел од Атлантикот.

Поедини градови на англискиот брег веќе се евакуирани, а издадено е и предупредување за силен ветер и дожд, како и за можни поплави.

Португалскиот премиер Антонио Коста изјави дека утрово разговарал со официјалните лица на Азорските острови, како и дека констатирале дека се укажува на тоа дека „работите не се толку лоши колку што стравувале“.

Азорските острови опфаќаат девет вулкански острови и на нив живеат 250.000 жители.

Додека Лоренцо се приближуваше, на нив беше прогласен црвен аларм, а училиштата и владините канцеларии не работеа, додека на луѓето им беше советувано да не излегуваат надвор.

Откажани се и сите авионски летови од и кон архипелагот, а затворени се и поедини пристаништа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот