Управувањето со јавните претпријатија во Македонија е резервирано за мажите

Праксата во нашата држава покажува дека кога е во прашање управувањето со јавните претпријатија постојат значителни разлики помеѓу жените и мажите.

Родовата еднаквост значи дека жените и мажите, еднакво треба да уживаат исти права, ресурси, можности и заштита во општеството. На глобално ниво, постигнувањето на родова еднаквост е од приоритетна важност и се користат различни методи за да се урнат сите родовите бариери и сите форми на дискриминација. Учеството на жените и мажите во сите области од јавниот и приватниот сектор е од клучна важност, што подразбира и еднаков статус и третман во остварувањето на човековите права и развојот на индивидуалниот потенцијал.

Таквата потреба не е исклучена кога се работи и за јавните претпријатија. Праксата во нашата држава покажува дека кога е во прашање управувањето со јавните претпријатија постојат значителни разлики помеѓу жените и мажите.

Според анализата на Институтот за демократија, со јавните претпријатија во нашата држава најчесто управуваат мажи.

Податоците од истражувањата укажуваат дека во 2018 година само 29% од членовите на управните и надзорните одбори биле жени, а во 2019 овој процент изнесувал 28%.

Најизразена е состојбата кај директорските позиции, каде што само 6% се жени. Ваквата состојба укажува на систематска дискриминација која оневозможува еднаков пристап до раководни позиции во сите области на нашето живеење.

За повеќе информации од истражувањето и препораките од Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје посетете ја нивната веб страница, или кликнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот