Управните служби на МВР со ново работно време во пресрет на годишните одмори

Македонски пасоши/ Фото: МИА

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните кои живеат на територијата на Град Скопје дека  согласно констатираната состојба на зголемено аплицирање за лични документи, имајќи го во предвид фактот дека следува и период на годишни одмори, воведува ново работно време во седиштето на Одделението за управни работи во Скопје.

Работното време е променето и во неколку дисперзирани канцеларии на ниво на Град Скопје со цел да им овозможи на граѓаните навремен и  ефикасен пристап  до правото да поднесат барање за издавање на лични документи.

За таа цел започнувајќи од  утре, 28.05 (четврток), секој работен ден од понеделник до петок , работното време во седиштето на  Одделението за управни работи Скопје во МТВ  како и дисперзираните канцеларии во ,,Беко,, и ,,Ѓорче Петров,, ќе биде со почеток од 07.30 часот до 20.00 часот, додека во дисперзираните канцеларии за управни работи во ,,Бутел,, и  ,,Драчево,, работното време од понеделник до петок ќе биде од 10.00 до 18 .00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот