Управата на Вардар го турка клубот кон провалија,  планираат да ги „одјават“ фудбалерите и тренерите

Фото: facebook.com/KomitiZapad87/

Хаотичната состојба во најтрофејниот македонски фудбалски колектив во која влогот буквално е преживување, денеска доби нова епизода која го бутка кон провалијата
Откако неколку дена пред дерби пресметката со Шкендија која се играше минатиот викенд, „исчезна“ печатот, овој пат управата која се уште ја сочинуваат луѓе блиски до поранешниот претседател Сергеј Самсоненко, им поделила спогодбени раскини на договори во стручниот штаб, а во план е истото да се стори и со играчите.

Верните навивачи на клубот, Комитите кои се борат да го спасат Вардар од биквално згаснување и организираа неколку акции, денеска објавија нови детали од потезите на управата на клубот.
Соопштението на Комити ви го пренесуваме во целост:

Матен Вардар…

Никако да дочекаме да ја видиме неговата чистина. Сардисан од сите страни…

Во моментите кога сите треба да покажат дека се спремни Вардар да истапи пред личните или интересите за некои други работи, повторно свесно се турка во провалија.

Денес е побарано од дел од стручниот штаб да потпише спогодбен раскин на договорите... Објаснувањето е дека Вардар не може да ги сноси трошоците за тековното функционирање на клубот. Ќе следи истото и со играчите, и тоа ладно небаре тоа е нормална работа !

Сега во случајов е интересно да се напомене, дека сепак има кој да удри печат и стави потпис на овие бесмислености, а до сега нели Вардар беше дисфункционален и нема кој да потпишува во името на клубот?

Се води специјална војна против нас и Вардар !
Не се бираат средства, ниту пак ги интересираат последиците.
Никој не одговара ниту на нашите јавни повици и апели да се одржи средба помеѓу инволвираните страни !
Најважно е топката да се префрли на другата страна, без притоа да се има и малку слух за сите импликации кои настануваат од постапките кои ги прават и не ги прават.
Ве повикуваме повторно да истапите и да се одважите јавно да кажете што правите и каде терате?
Навивачите тоа го заслужуваат !
Вашиот однос од позиција на моќ прави не да изгледате големи, туку многу мали и недостојни, особено со вашата нетранспарентност и ароганција.
Ако правите чекор, направете го сега, ако не дајте го клубот двете страни!

„Комити“: Добивме уверување дека Самсоненко ќе си ги регулира обврските!

„Комити“: Симната е забраната за трансфери во ФК Вардар!

„Комити“: Гледате ладнокрвно како тоне она што на многумина од нас ни е светост!

ВИДЕО | Миленковски од „Комити“: Кога има љубов кон клубот се е возможно – ова е прв случај навивачка група да го распродаде стадионот

Комити: ФК Вардар е исфлен од својот дом на улица

„Комити“ со успешна акција: Рекордно продадени 33,381 билет за спас на ФК Вардар!

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот