Управата на Јунајтед не размислува за смена на Солскјер

twitter.com/TheSporTalk

Фудбалерите на Јунајтед вчера вечер повторно ги разочараа фановите губејќи со 0:2 од Барнли.

Иако Манчестер јунајтед загуби на „Олд трафорд“ и остана на петтото место со шест бода помалку од четвртопласираниот Челси, управата не размислува за смена на менаџерот Оле Гунар Солскјер, објави „Скај спорт“.

Екипата на Јунајтед под водство на Солскјер има најлош скор по 24 кола во Премиер лигата од сезоната 1988-89, а за работата да биде полоша поразот од Барнли е прв од овој тим на „Олд трафорд“ по дури 58 години.

Според „Скај спорт“, позицијата на Солскјер не е доведена во прашање, напротив тој ќе добие средства за до крајот на зимскиот преоден рок да ја засили екипата.

Како најверојатно засилување е 16-годишниот играч на Бирмингем Џад Белингам за кого Јунајтед е подготвен да плати неверојатни 30 милиони фунти, додека трансферот на Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон се чини дека пропадна поради преголемите барања на португалскиот клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот