УПОМ бара повлекување на сите недекларирани маски за заштита од коронавирус во Македонија

Членовите на Унијата на потрошувачи на Македонија упатија барање до Државниот пазарен инспекторат да издаде итен налог за повлекување на сите недекларирани маски за заштита од ковид-19 од продажба од сите продажни места во Македонија.

Како што пишува на барањето, причината за тоа е што маските немаат декларации дека штитат од ковид-19 и други вируси, ниту дека не предизвикуваат други здравствени проблеми при користење.

Барањето тие го засноваат на повеќе дојави од потрошувачите кои при купување на маските не ја добиле побараната декларација од страна на продавачите.

Во коментарите на социјалните мрежи има повеќе граѓани кои се согласуваат со барањето на УПОМ, меѓутоа има и некои кои сметаат дека нема причина на повлекување на маските, бидејќи сите од нив влијаат на спречување на ширењето на коронавирусот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот