Уписите во гимназијата „Орце Николов“ ги извадија родителите на улица

Фото: Слободен печат

Родителите на децата кои се пријавиле во јунскиот испитен рок во средното училиште „Орце Николов“ денеска се собраа пред Влада, бидејќи, како што велат, се против најавените квалификациски тестови кои беа најавени за нивните деца да бидат примени во гимназијата.

Од 404 пријавени, дури 311 се со просек 5.00, што и го создава проблемот, бидејќи слободни места има за 285 ученици во девет паралелки.

– Нашите барања не се големи и сметаме дека се во рамките на законот. Потребно е да се формира уште една паралелка или децата да бидат распределени во останатите паралелки, за да можат сите од нив со 5.00 просек да бидат примени без да има потреба од квалификациски тестови – изјави за Слободен печат еден од родителите.

Квалификациските тестови по македонски јазик и математика, доколку не бидат прифатени барањата на родителите, пријавените ученици со 5.00 просек ќе треба да ги полагаат утре.

Видео на денот